
Рома со гол на Довбик ѝ пресуди на Фиорентина (ВИДЕО)
Украинскиот напаѓач Артем Довбик беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме.
ARTEM
— AS Roma Partite (@ASRomaPartite) May 4, 2025
FPT #RomaFiorentina 1-0 pic.twitter.com/0zAkYmXW7h
Фиорентина имаше свои шанси во вторите 45 минути, меѓутоа гостите од Фиренца не беа доволно ефикасни во нападот.
Рома е на четвртата позиција со 63 бодови, додека Фиорентина остана на осмото место со 59 поени.
Фото: Facebook/AS Roma