Риека ја прекина црната серија и се искачи на врвот во хрватската лига

Фудбалерите на Риека денеска триумфираа со 2-1 против Горица во 33. коло од хрватската лига.

Јанковиќ и Рукавина во првото полувреме стрелаа за предност од 2-0 на Риека, додека Халиловиќ во финишот погоди за конечни 1-2.

Македонскиот интернационалец Јован Манев не доби шанса на денешниот меч и остана на клупата за резерви.

Риека е на првата позиција со 59 бодови, по што следи Динамо Загреб со 58, додека Хајдук е трет со 56 поени.

Фото: Facebook/NK Rijeka