Челси го нокаутира Ливерпул и ги зголеми шансите за пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Лондонскиот гигант Челси триумфира со 3-1 против англискиот шампион Ливерпул во 35. коло од Премиерлигата и така ги зголеми шансите за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Челси на одличен начин го отвори мечот бидејќи на самиот почеток Енцо Фернандез искористи одлична шанса и погоди за предност од 1-0. Ливерпул се закануваше, но „сините“ беа на висина на задачата и ја зачуваа предноста во првото полувреме.

Гигантот од Лондон ја зголеми во минута кога Ливерпул си постигна автогол во 56. минута, по што тренерот Арне Слот реши да направи неколку промени со кои изврши притисок врз домаќинот.

Ливерпул се закануваше и конечно успеа да ја пробие одбраната на тимот на Енцо Мареска во 85. минута кога Вирџил Ван Дајк со удар со глава ја затресе мрежата на ривалот за 1-2.

Во продолжение од средбата имаше уште неколку шанси на двете страни, а Челси се избори за пенал во 96. минута кога Кол Палмер го реализираше ударот од белата точка за триумф од 3-1.

Челси има 63 бодови, колку и Њукасл по 35 одиграни меча, а пред нив се Манчестер сити со 63 и Арсенал со 67, додека Ливерпул е на врвот со 82 поени.

Фото: EPA PHOTO