
Пиза по пауза од 34 години се врати во Серија А
Пиза денеска загуби на гостувањето кај Бари со 0-1, меѓутоа Специја претходно беше поразена со 1-2 и со тоа автоматски екипата на Инзаги остана на недостижна разлика пред ривалот.
Сасуоло претходно се пласира во Серија А, откако се издвои на првата позиција, а третиот патник во италијанската елита ќе биде познат по плејофот кој ќе се игра по завршување на регуларниот дел од сезоната.
Фото: Facebook/Pisa Sporting Club