
Реакцијата на Роналдо по последниот пенал - трофејот му значи премногу! (ВИДЕО)
Роналдо не само што освои трофеј, туку даде гол и во полуфиналето против Германија и во финалето против Шпанија.
Тој во финишот од регуларниот тек на мечот беше изваден од игра, па не учествуваше директно во пенал серијата туку ја следеше од клупа. Не ги гледаше пеналите на своите соиграчи, немаше срце за тоа, но видете ја неговата реакција по последниот пенал на Португалија по кој почна славјето.