
Пелистер ја доби(ва) битката за талентираниот Србин од Целје (ФОТО)
Ракометниот агент и поранешен играч, Хен Ливгот, пред десетина дена објави (види ТУКА) дека се води македонско дерби за потписот на талентираниот ракометар, кој привлече големо внимание со солидните настапи за Целје.
Антонијевиќ има само 21 година и висок е 184 сантиметри, а за словенечката екипа игра веќе три години, односно од 2022 година, откако претходно го носеше дресот на Металопластика Шабац.