
Трагедија на финалето во Лигата на нации: Навивач загина по пад од трибина
Падот се случил од повисокиот кон понискиот прстен трибини на Алијанс арената, а докторите не успеале да го спасат неговиот живот.
„Се случи несреќа на арената во Минхен каде и покрај медицинската интервенција, едно лице почина во 00:06 часот. Нашите мисли се со семејството на загинатиот во овие тешки моменти“, објави УЕФА.
Идентитетот на загинатиот уште не е познат, но претпоставките се дека се работи за Шпанец, со оглед на тоа што селекторот Де Ла Фуенте доцна синоќа изрази сочувство. Инцидентот, според информациите од Минхен, се случил на паузата меѓу двете продолженија, а загинатиот паднал од висина од околу осум метри.