
Неуспешните тренери на Динамо и Хајдук во битка за позицијата – селектор на Италија!
Како главен фаворит за нов селектор се споменува Клаудио Раниери, кој по крајот на тренерската кариера моментално делува како советник на управата на Рома, додека големи шанси му се даваат и на Стефано Пиоли, кој сега го води клубот Ал Наср, а пред тоа го однесе Милан до титула во Серија А во 2021 година. Според „Скај Спорт“, меѓу можните имиња се и Даниеле Де Роси.
Гатузо неодамна спогодбено го раскина договорот со Хајдук, со кој го освои третото место во хрватската лига и до четврт-финале во националниот куп. Вкупно имаше 43 официјални натпревари на клупата, остварувајќи 20 победи, 14 нерешени и 9 порази. Канаваро, пак, беше тренер на Динамо само три месеци – од декември до април. Тимот го водеше на 14 официјални и три пријателски натпревари, забележувајќи пет победи, две ремија и три порази во домашното првенство.