
„Се брани како Ѓоковиќ, има чувство како Федерер и темпо како Надал“ – вака досега никој не го пофалил Алкараз!
Младиот Шпанец го воодушеви тенискиот свет успевајќи да се врати по негатива од 2-0 и да слави 3-2. Треба даа се напомене и дека Синер пропушти три меч топки.
„Алкараз ги има сите квалитети на „големата тројка“, па дури и повеќе. Се движи како вонземјанец, не игра дефанзивно, дури и кога е во тесно. Ова момче се брани како Новак, има чувство како Федерер и темпо како Надал. Секако, сето тоа треба да и се вклопи. Но, тоа што во некои работи е подобар од „големата тројка“ не значи и дека ќе оствари успех каков што имаа и тие. Погрешните одлуки, повредите и среќата имаа големо влијание за секоја кариера“, изјави Агаси.
Победата во Париз за Алкараз го донесе вториот трофеј во кариерата на Ролан Гарос и вкупно петти на грен-слем турнирите.
Фото: ROLAND-GARROS/FB