Вардар ги започна подготовките за новата сезона

Фудбалерите на Вардар во краткиот одмор ги започнаа подготовките за новата сезона која како освојувачи на Купот на Македонија ќе ја стартуваат со натпреварите во квалификациите за Конференциската лига.

Вардар започнува од првото квалификациско коло, па така првиот натпревар го очекува во првата половина на јули.

Подготовките избраниците на Гоце Седлоски ги започна во тренинг-кампот во Хиподром каде што фудбалерите ќе бидат до 13 јуни кога патуваат за Словенија.

Раденци ќе биде базата на најтрофејниот македонски клуб кој на 17 јуни ќе се соочи со Будуќност, четири дена подоцна е закажан натпреварот со Олимпија Љубљана, потоа против Рапид Букурешт на 24 јуни за во последниот тест вардарци да ги одмерат силите со Марибор на 28 јуни.