
Експлозија на емоции: Роналдо плачеше „како бебе“ по триумфот во Лигата на нации (ВИДЕО)
По нерешените 2-2 по 120 минути, Португалците славеа со 5-3 на пенали, а емотивниот врв на вечерта беше токму – солзите на фудбалскиот великан. Иако беше заменет пред пенал-серијата, Роналдо не можеше да остане рамнодушен. Камерите го уловија во момент кога со затворени очи се молеше, а потоа, по одлучувачкиот гол на Рубен Невеш, клекна на колена и заплака. Тоа беа солзи на олеснување, радост и гордост – од играч кој над две децении го носи товарот на очекувањата на цела нација. Видеото погледнете го ТУКА.
Натпреварот беше вистинска драма. Шпанија поведе, но Роналдо, на 40-годишна возраст, повторно го покажа својот квалитет – со прецизен волеј во 61. минута го израмни резултатот и му даде надеж на својот тим. Тоа беше негов 138. гол за репрезентацијата. Тој по натпреварот беше виден како го прегрнува селекторот Роберто Мартинез, а подоцна и својот долгогодишен соиграч Пепе.
Португалија со оваа победа стана единствената држава што двапати ја има освоено Лигата на нации, но за Роналдо, ова значеше нешто повеќе – трет голем меѓународен трофеј по титулите на ЕУРО 2016 и Лигата на нации во 2019 година.