
Како некое проклетство: Синер вчера го снајде истото што и Федерер против Ѓоковиќ на Вимблдон (ФОТО)
Мечот траеше пет часа и 31 минута и тоа е најдолгото финале во историјата на Ролан Гарос. На Синер за победа не му беа доволни и три меч топки кои ги имаше при водство од 2-1 во сетови на 5-3. Тогаш Италијанецот на сервис на Алкараз дојде до 0-40, но Шпанецот успеа да се извлече од таа ситуација и на крајот да слави победа.
Во тие моменти на трибините се случи и сцена која подоцна кога Алкараз победи многумина ја споредија со момент од финалето на Вимблдон во 2019 година помеѓу Ѓоковиќ и Федерер.
Ѓоковиќ во тоа финале го победи Федерер по пет сета, а во петтиот сет при резултат 8-7, Федерер имаше две врзани меч топки на свој сервис. Една навивачка во тие моменти подигна прст од трибините сакајќи да покаже дека на Швајцарецот му треба само уште еден поен за победа, таква сцена видовме и вчера кога во прашање беше навивач на Синер. Исходот од двете ситуации беше ист, победа на противникот.
Oh my goodness. 🤯 pic.twitter.com/sx1OLd0yCT
— Pavvy G (@pavyg) June 8, 2025