
Лион изгуби од Ланс и ја искомплицира трката за ЛШ
Ланс по 21 минута успеа да ја затресе мрежата на Лион и да поведе со 1-0. Домаќините се вратија во игра дури во завршницата, односно 79. минута кога Микаутаѕе стрелаше за 1-1, но набрзо Зарури погоди за триумф на гостите од 2-1.
Лион остана на седмата позиција со 54 бодови, додека Ланс е на осмото место со 48 поени.
Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL