Паднаа четири гола во Андалузија: Севилја освои бод против Леганес

Севилја и Леганес одиграа ефикасен меч во Андалузија, каде што ремизираа 2-2 во 34. коло од шпанската Ла Лига.

Мунир Ал Хадади погоди во седмата минута за предност на Леганес, а потоа Салас стрелаше за да израмни на 1-1.

Домаќините во 70. минута со погодокот на Ромеро направија целосен пресврт, но нивната радост траеше само три минути по што Ернандез стрелаше за конечни 2-2.

Севилја остана на 15. место со 38 бодови, додека Леганес е претпоследен во лигата со 31 поен.

Фото: Facebook/Sevilla FC