Цветаноски стрелаше против Слобода за важен триумф на Железничар

Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски погоди во победата на Железничар од 3-2 против Слобода и помогна на својот тим да остане во трката за позициите кои водат во европските купови.

Цветаноски беше стрелец на првиот гол за Железничар во 38. минута со што израмни на 1-1, откако претходно гостите од пенал погодија за 1-0.

До крајот на мечот, Железничар со погодоците на Бољевиќ и Курталиќ ја запишаа 17. победа во домашниот шампионат.

Македонецот досега постигна четири голови и пет асистенции за Железничар.

Фото: FK Željezničar