
Ништо од титулата: Болна елиминација за Меси и компанија (ВИДЕО)
Канадскиот тим славеше на Флорида со 3-1 и со вкупно 5-1 обезбеди пласман во финалето, првпат во својата историја, со можност да стане прв канадски клуб со трофејот во елитното натпреварување. Интер Мајами го отвори резултатот во реваншот со голот на Жорди Алба уште во деветтата минута, но во второто полувреме следуваше тотален пресврт.
Играч на мечот беше Берхалтер кој асистираше за головите на Вајт и Вит, а во 71. минута го постави конечниот резултат. Сепак, тој во првото полувреме доби жолт картон поради кој нема да игра на финалниот натпревар.
Во него, Ванкувер ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу мексиканските екипи Крус Азул и Тигрес кои вечерва ќе го играат реваншот. Првиот натпревар заврши без победник (1-1).