Mилер го избрал новиот клуб - добива вила и богат договор!

По завршувањето на сезоната, германската фудбалска легенда Томас Милер ќе го стави крајот на својата славна ера во Баерн Минхен, клуб за кој настапуваше речиси цела кариера. 

 

Според информации на реномирани германски медиуми, најсериозна дестинација за искусниот ас е САД, поточно тимот на Лос Анџелес од МЛС лигата.

Клубот од Калифорнија, познат по амбициозните проекти и атрактивните имиња, наводно прави сѐ за да го убеди Милер да се пресели преку Атлантикот, нудејќи му не само атрактивен договор, туку и целосен луксузен пакет. Меѓу условите се вклучени висока плата, вила на Беверли Хилс, и статус на главна ѕвезда на тимот, што на Милер би му обезбедило не само продолжување на кариерата, туку и вистински холивудски животен стил.

Во тимот веќе настапуваат големи фудбалски имиња како Оливие Жиру и Уго Лорис, а со доаѓањето на Милер, Лос Анџелес би добил дополнителна тежина, искуство и гламур во своите редови.

Моментално, ЛА се наоѓа на осмата позиција во МЛС, но со вакво засилување, амбициите за борба на врвот стануваат многу пореални.

Фото: FC Bayern München/X