Модриќ и Васкез ќе потпишат нови договори со Реал, но само до 13 јули!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе им ги продолжи договорите на Лукас Васкез и Лука Модриќ, но само до 13 јули за да можат да настапат на Светското клупско првенство.

Долго време се шпекулираше за иднината на Васкез и Модриќ, а очигледно сè ќе биде познато по 13 јули кога ќе има завршат новите договори.

Светското клупско првенство ќе се одржи во период од 14 јуни до 13 јули, а „кралевите“ се во група со Ал-Хилал, Пачука и Салцбург.

Фото: FB/Real Madrid C.F.