Дебакл на Швјонтек - освои само два гема против Гоф!

Само еден час и шест минути траеше првото полуфинале во женска конкуренција на мастерс-турнирот во Мадрид, каде што Американката Коко Гоф славеше против Ига Швјонтек со 2-0 во сетови.

Гоф беше доминантна на теренот и славеше со убедливи 6-1 и 6-1, по што се избори за финале каде што ќе игра против победничката од дуелот меѓу Арина Сабаленка и Елина Свитолина.

Швјонтек не успеа да ја одбрани титулата во Мадрид, па со денешниот пораз ќе загуби 610 поени на ВТА-листата.

Фото: EPA PHOTO