
Барса загуби дома од Пик Сегед, но оди на фајнл-фор!
Барселона во Унгарија победи со 27-24, па денеска се очекуваше да имаат само рутински реванш, но Сегед не се предаде до самиот крај, успеа да дојде до триумф, кој сепак не беше доволен.
Интересно беше во самиот финиш од мечот, Пик Сегед на двапати имаше водство од два разлика и во тие моменти им фалеше само погодок за да го израмнат конечниот резултат, но Барса не дозволи тоа да се случи.
Најефикасен во составот од Сегедин беше Фримел со десет голови, кај Барса, Мем реализираше шест.
Барселона е последниот тим кој избори пласман на фајнл-фор турнирот, претходно тоа го направија Магдебург, Нант и Фуксе Берлин.