
Василев предвреме ја заврши соработката со Арка!
Раководството на клубот одлучи да се раздели со македонскиот стратег поради серијата лоши резултати.
Тимот од Гдиња нареди четири порази по ред поради кои се најде на претпоследното место на табелата на две кола пред крајот од основниот дел од сезоната.
Никола Василев на клупата на Арка седна на 12 ноември, ја водеше на вкупно 22 меча, оствари осум победи и 14 порази.
За привремен тренер на Арка е назначен досегашниот асистент на Василев, Бартош Сарзало.