
Магдебург го шокираше Веспрем, Германците одат на фајнл-фор!
Натпреварот во Германија заврши нерешено 26-26, па Веспрем беше сериозен фаворит за победа на свој терен, но тоа не се случи.
Финишот од денешниот меч беше неверојатен, Веспрем водеше со 26-22, но десет минути не успеа да даде гол. Магдебург се врати и израмни на 27-27. Тоа беше резултатот кога на семафорот имаше уште 15 секунди.
Магдебург во последниот напад успеа да даде гол преку Кристијансон и да победи со 28-27.
Клар со седум голови беше најефикасен кај Магдебург, исто толку за Веспрем постигна Фабрегас.
Магдебург им се приклучи на Фуксе Берлин и Нант на завршниот турнир, вечерва ќе биде познат и последниот учесник кој ќе се дознае по крајот на мечот меѓу Барселона и ПИК Сегед.