Челси си ја заврши работата уште во Шведска, Бетис со гол предност ќе патува во Фиренца (ВИДЕО)

Челси со 4-1 го победи Ѓургарден на негов терен и направи крупен чекор кон финалето од Конференциската лига, Бетис со 2-1 славеше во Севиља над Фиорентина.

Сините од Стемфорд Бриџ ја оправдаа улогата на голем фаворит против Ѓургарден и лесно дојдоа до убедлива победа.

Санчо и Медуеке погодија во првото полувреме, а во вториот дел два гола даде Џексон кој не играше во првиот дел.

Алмајеи Мулугета даде гол за Ѓургерден, но тешко може да се поверува дека овој погодок ќе промени нешто.

Дерби мечот беше во Севиља каде Бетис ја пречека Фиорентина и победи со 2-1.

Домаќините поведоа уште во шестата минута со гол на Езалзоули, Антони зголеми на 2-0 во 64. минута.

Во 73. минута Раниери постигна погодок за Фиорентина, гол кој може да биде многу важен за реваншот во Фиренца.