Манчестер јунајтед со една нога е во финале, голем триумф на Сан Мамеш! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со победа од 3-0 се враќа од гостувањето кај Атлетик Билбао, Тотнем со 3-1 на свое тло го совлада Бодо/Глимт во првиот полуфинален меч од Лига Европа.

Атлетик Билбао беше подобар во најголемиот дел од првото полувреме, се редеа шанси кон голот на Онана, но домаќините не реализираа.

За кратко време работите се променија. Во 30. минута Мегваер направи пробив како крилен напаѓач, центрираше до Угарте кој со глава ја префрли топката до Касемиро, а тој даде гол за водство на Јунајтед од 1-0.

Брзо потоа со помош на ВАР беше досуден пенал за гостите од Англија, а Вивиан доби црвен картон. Бруно Фернандеш ја изведе најстрогата казна и погоди за предност од 2-0.

Пред крајот на првиот дел Бруно Фернандеш даде уште еден гол за конечна победа од 3-0.

Атлетик Билбао со играч помалку не можеше ниту барем да намали од високата негатива.

Големи се шансите да гледаме англиско финале во Лига Европа бидејќи Тотнем со 3-1 славеше над Бодо/Глимт во првиот меч.

Џонсон по само неколку секунди игра постигна гол за водство на Тотнем од 1-0. 

Во 34. минута Медисон реализираше за 2-0, тоа беше резултатот од првиот дел.

Соланке со погодок во 61. минута донесе водство на Тотнем и од 3-0, а гостите од Норвешка преку Салтнес во финишот намалија на 3-1. Тоа е погодок кој може да им даде каква-таква надеж во реваншот.