Ѓорческа во осминафиналето го заврши настапот во Грузија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба од два часа и 47 минути беше поразена од Анастасија Тиконова со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 4-6). на турнирот во Грузија.

Првиот сет донесе сигурна игра на свој сервис на двете тенисерки се до осмиот гем кога Тиконова прва направи брејк и поведе со 5-3. Сепак, Ѓорческа возврати веќе во наредниот гем, па сетот се одлучуваше во тај-брејк.

Тука со 7-3 беше подобра македонска тенисерка за водство од 1-0. Во вториот сет Тиконова направи еден брејк за предност од 4-3 и тоа се покажа како доволно да израмни на 1-1.

Третиот сет донесе слична игра во која Ѓорческа двапати го изгуби својот сервис и така ја препушти победата на противничката.