И Интер има проблеми: Лаутаро неизвесен за реваншот со Барса

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез мораше да остане во соблекувална по првото полувреме од синоќешниот натпревар против Барселона.

Во финишот од првиот дел, тој почувствува болки во нозете, но остана до крајот на полувремето, на инсистирање на Симоне Инзаги. Сепак, на пет дена пред реваншот, неизвесно е дали голгетерот ќе биде способен за настап.

„Лаутаро играше осум натпревари по ред како стартер бидејќи немавме многу опции во нападот. Тареми беше повреден, а Турам тренираше пред два дена, првпат по две недели. Се надевам дека не е ништо сериозно со Лаутаро, но секако има дилеми околу неговата состојба“, рече Инзаги.

Иако Аргентинецот не се запиша во листата на стрелците, Интер синоќа постигна три гола од кои два беа на Дамфрис и еден на напаѓачот Маркус Турам.