„Не сум видел фудбалер како Јамал во последните осум-девет години“

Ламин Јамал продолжува да ја маѓепсува фудбалската јавност, а по синоќешното фудбалско ремек-дело во ремито на Барселона и Интер (3:3), најреномираните светски медиуми не престануваат да го споредуваат младото чудо од дете со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Статистиката е немилосрдна, Роналдо на 17 години имаше 19 одиграни натпревари со 5 гола и 4 асистенции, а Меси само 9 натпревари и еден погодок, Јамал до својата 17-та година веќе одиграл неверојатни 100 натпревари, постигнал 22 голови и остварил 33 асистенции. 

Синоќа, во своето јубилејно 100-то појавување во дресот на каталонскиот гигант, Јамал постигна спектакуларен гол и беше апсолутен лидер на теренот. Натпреварот го заврши со две клучни додавања, 6 успешни дриблинзи од 10 обиди, 8 добиени дуели од 14, и констатно беше закана за одбраната на Интер.

Специјализираниот портал „Sofascore“ му даде оценка 8.5, што беше највисока меѓу сите фудбалери на Барса. Дури и тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, по натпреварот изјави:

„Немам видено ваков фудбалер во последните осум-девет години.“

Фудбалската иднина изгледа светла за Јамал, а експертите веќе предвидуваат дека би можел да стане најмладиот добитник на Златната топка во историјата, пред Бразилецот Роналдо, кој ја освои на 20-годишна возраст.

Фото: Barcelona FC/FB