
Ѓорческа со својата партнерка во двојки ги минаа првите носителки во Грузија!
Во конкуренција на двојки Лина настапува заедно со домашната тенисерка Екатерине Горгодзе. Тие денеска со 2-1 во сетови беа подобри од првите носителки Мартина Кубка (Полска) и Лиса Заар (Шведска).
Ѓорческа и Горгодзе го загубија првиот сет со 6-4, а во вториот триумфираа во тајбрејк со 7-5. Во третиот решавачки кој се игра на поени, победија со 10-5 и се пласираа во четвртфиналето.
Утре Ѓорческа и Горгодзе ќе играат против Зозија Кардава (Грузија) и Уладизислава Зверава (Русија).