
Маџунков го оперираше коленото - ќе ја пропушти Европската златна лига!
Одбојкарската федерација на Македонија објави дека операцијата поминала во најдобар ред и следи рехабилитација за Маџунков.
Маџунков ќе ги пропушти дуелите од Европската златна лига, но се очекува да биде подготвен за натпреварите против Грција и Грузија во евроквалификациите.