Блицкриг на Челси - два гола за пет минути и целосен пресврт (ВИДЕО)

На 20 минути пред крајот на натпреварот од Конференциската лига, Челси води со 2-1 иако на полувреме Бетис имаше предност од 1-0.

По неколкуте шанси, во период од пет минути, два пати се тресеше мрежата на Адријан.  Прво тоа го направи Енцо Фернандез, а потоа и Николас Џексон кој го комплетираше пресвртот. Асистент за двата гола беше Кол Палмер.

Мареска во второто полувреме сите сили го насочи во нападот во обид да го сврти резултатот во корист на Челси и успеа во тоа.