Дубаи по продолжение го победи Партизан - ќе се игра мајсторка!

Дубаи со 100-95 го победи Партизан и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија од најдобрата АБА лига.

Мечот беше изедначен во целиот тек, двете екипи се менуваа во водство, а ниту една не направи двоцифрена предност. Во регуларниот тек мечот заврши 85-85.

Во продолжението Дубаи беше подобар и на крајот го доби мечот со 100-95.

Препелиќ со 30 поени беше најдобар во составот на Дубаи, Мејсон постигна 26 поени. Кај Партизан Џонс реализираше 25.

Со оваа победа Дубаи изедначи на 1-1 во серијата која се игра во две добиени. Патникот во финалето ќе се решава во мајсторка.