
Додека ја чека одлуката на ЕХФ, Алкалоид го реши Тиквеш
Избраниците на Кире Лазаров одиграа сигурен натпревар против Тиквеш во Кавадарци каде што стигнаа до рутинска победа од (24-27)
Домаќините во ниту еден момент од натпреварот немаа водство, а Алкалоид брзо уште на стартот создаде три гола предност (2-5). Тиквеш се врати кога некаде на средината израмни на 11-11, но тука следуваше серија на гостите од Автокоманда со која до паузта поведоа со 11-17.
Серијата ја продолжија со два гола и во второто полувреме за највисоки „плус осум“ (11-19).
Токму тој финиш од првиот дел се покажа и како клучен период по кој тимот од Кавадарци не успеа да се врати во мечот.
До крајот Алкалоид само рутински ја одработи задачата за нов триумф. По овој триумф скопскиот тим во наредното коло го очекува дербито со Пелистер на домашен терен кое е закажано за 3 јуни.