
Играчите на Интер нема да биде „нераѕури“ во финалето - ќе играат во жолто
Миланскиот тим досега играл шест пати во финале од елитното натпреварување на УЕФА, првиот во 1964 година и никогаш не настапил со трета гарнитура. В сабота за официјален домаќин е назначен ПСЖ кој ќе настапи со своите традиционални дресови во сина боја. Интер можеше да игра во својата резервна гарнитура - бели дресови и шорцеви, но место тоа одлучи да игра во жолти дресови.
Најверните навивачи на Интер сметаат дека се работи за суеверие бидејќи сезонава миланскиот тим два пати играше со жолтите дресови, против Спарта Прага во јануари и Феенорд во осминафиналето и славеше на двата меча, без примен гол. Единствениот пораз во Лигата на шампионите го доживеа од Баер Леверкузен и тогаш играше со белите дресови.