Кубарси прв фаворит за наградата за најдобар млад фудбалер во светот

Денеска се објавени прелиминарните резултати, односно рејтингот на играчите во борбата за признанието за најдобар млад фудбалер, а на врвот се двајца од Барселона.

Прв, очекувано, е Ламин Јамал, но бидејќчи тој лани ја освои наградата, сега е надвор од конкуренција, Затоа, како главен фаворит фигурира неговиот соиграч од Барса, Пау Кубарси кој зад себе има фантастична сезона во каталонскиот клуб и се промовира во стандарден член на оваа екипа.

Засега најголем конкурент на Кубарси е Дуе од ПСЖ, додека Луис Скели, Зер Емери и Хујсен се далеку зад нив двајца.