Клоп во шок по хоророт во Ливерпул: Очекувам строга казна за возачот! (ВИДЕО)

На прославата низ улиците на Ливерпул се случи вистински хорор кога еден возач со неговиот автомобил почна да ги гази навивачите на новиот шампион.

Околу 50 лица се повредени во инцидентот, а дел од нив се во критична состојба, а по драмата се јави и поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Згрозени сме од инцидентот што се случи во Ливерпул. Немам добри зборови за тоа што се случи. Нашите мисли се со настраданите. Очекувам строга казна за возачот, ова не смее никогаш да се повтори“, кажа Германецот.