Официјално: Јамал потпиша договор со Барселона до 2031 година!

Талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал официјално вечерва стави потпис на нов договор со Барселона, кој ќе важи до јуни 2031 година.

Барселона претходно најави дека работи да го продолжи договорот со Јамал, а конечно успеа во тоа и му ја продолжи соработката на дополнителни шест години, при што се шпекулира дека младиот фудбалер ќе добие годишна плата од 20 милиони евра.

Јамал во кариерата настапи на 106 натпревари за Барселона, а досега постигна 25 голови и 34 асистенции, а посебно беше важен оваа сезона во освојувањето на неколку пехари со каталонскиот гигант.

Шпанскиот репрезентативец се очекува да ја добие и „десетката“ на својот дрес и да ја носи во иднина, но дополнително се очекува потврда за такво нешто.

Фото: Facebook/FC Barcelona