
Трајковски се одјави од Хајдук: Ви благодарам за сè (ФОТО)
Трајковски по две години поминати во Сплит реши дека е време за нова авантура во кариерата и тоа го потврди преку социјалните мрежи.
„Ова беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај сè, чувствувам благодарност. Ви благодарам на сите - соиграчите, тренерскиот персонал и навивачите. Ви благодарам за поддршката која ми ја дадовте. Сакав да го завршиме ова поглавје со титула. Ви посакувам среќа и да го кренете пехарот во иднина“, напиша Трајковски.
Трајковски оваа сезона настапи на 19 меча за Хајдук и постигна три голови.
Фото: Facebook/HNK Hajduk Split