
Тензија меѓу Спанулис и Пењароја: Кој игра валкано?
Жоан Пењароја во најавата за натпреварот рече дека неговите играчи не би требало да паѓаат на провокациите од кошаркарите на Монако, а тоа не му се допадна на неговиот колега од спротивната страна Василис Спанулис.
„Слушнав некои изјави од тренерот на Барселона дека користиме различни методи за да победуваме и тоа не ми се допаѓа. Ако внимателно ги прегледате натпреварите, ќе видите кој користи недозволени методи и удира со лакти. Немавме ниедна валкана акција, ниеден лакт и затоа не разбирам“, рече грчкиот стручњак.
Четвртиот натпревар се игра утре повторно во Барселона, а во случај на евентуална „мајсторка“, домаќин ќе биде Монако.