
Се појави видео од Јамал на 12 години - си поигрува со повозрасни противници!
Иако има само 17 години, Јамал одамна се етаблираше како фудбалер од висока класа, способен да одлучува најголеми натпревари. За сениорскиот тим на Барселона дебитираше уште на 15-годишна возраст, минатото лето беше клучен играч во освојувањето на Европското првенство со младата репрезентација на Шпанија, а минатата недела освои и Кралски куп со победа над Реал Мадрид.
Но, перформансот против Интер беше посебен дури и за неговите стандарди. Со голот кој го постигна на 17 години и 291 ден, Јамал стана најмладиот стрелец во полуфинале на Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот кој осум години го држеше Килијан Мбапе.
Фудбалскиот свет му се поклонува за тоа што го прикажа против актуелниот првак на Италија, но не се споделуваат само снимки од таа натпреварувачка вечер. Вирална стана и компилација од неговите потези во сезоната 2019/20, кога како само 12-годишник играше против многу постари ривали во младинските категории на Барселона.
Тогаш, исто како и сега, со дриблинзи во спринт, промени на правец, дриблинзи со пета и неверојатна контрола на топката, Јамал ги збунуваше противниците и ги оставаше без шанса – токму како што го правеше тоа и синоќа против Интер.
This was bro at 12 lol, barca fans were waiting for him to turn 16 for YEARS pic.twitter.com/sj78wyqClx https://t.co/npbgce7WvT
— dc (@MUTDXII) April 30, 2025