Дончиќ поради повреда го пропушта Евробаскетот!?

Лос Анџелес Лејкерс беше елиминиран во првата рунда од плејофот во НБА-лигата, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше разочаран и по мечот кажа дека долго време го мачи повреда.

Дончиќ е повреден и веќе некое време игра со болка, па во медиумите се појавија шпекулации дека би можел да го пропушти Евробаскетот.

„Грбот не ми е добар, не се чувствувам добро, но се обидов да играм и да помогнам“, кажа Дончиќ.

Евробаскетот оваа година ќе се одржи од 27 август до 14 септември.