Вестбрук го провоцираше Богдановиќ, па Србинот тргна да се пресмета (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ одигра одличен меч за Лос Анџелес клиперс, но не успеа да го спаси од пораз против Денвер нагетс, а Србинот имаше и вербална пресметка против Расел Вестбрук.

Вестбрук провоцираше во финишот на третата четвртина, а тоа го налути Богдановиќ кој тргна да се соочи со ривалот, по што мораше да интервенираат соиграчите и судиите за да спречат посериозен инцидент.

Богдановиќ го заврши натпреварот со 18 поени, пет асистенции и три скокови.