
Најубавата фудбалерка во светот е слободна - раскинала со промашувањето на Јувентус!
Двајцата во Торино пристигнаа заедно од Астон вила, со цел да не бидат разделени, но сега одлучиле да тргнат по различни патишта.
Како што објавува „Газета дело Спорт“, главната причина за раскинувањето е различната визија за иднината, Луиз сака да го напушти Јувентус на крајот од сезоната и да премине во друг клуб, додека Леман нема намера да си замине од Торино и сака да продолжи да настапува за женскиот тим на „Старата дама“.
Алиша неодамна со Јувентус ја освои титулата шампион на Италија, а медиумите забележаа дека Даглас Луиз не беше присутен на натпреварот во кој фудбалерките на италијанскиот гигант ја прославија титулата.
Инаку, бразилскиот фудбалер изразил незадоволство од минутажата што ја добива во тимот и побарал поголема улога, но тоа не се вклопува во плановите на стручниот штаб на Јувентус. Неговиот договор е со важност до 2029 година меѓутоа очекувањата се да замине летово, интерес наводно веќе покажал премиерлигашот Нотингем форест.
Фото: alishalehmann/Instagram