
Ферари во нови бои: Возачите во Мајами ќе настапат во сино-бела комбинација (ФОТО)
На спектакуларен настан во Мајами, во присуство на возачите Шарл Леклер и Луис Хамилтон, како и шефот на тимот Фред Васер беа откриени новите возачки костуми кои веднаш предизвикаа огромно внимание кај фановите и медиумите ширум светот.
Новиот визуелен идентитет претставува значително отстапување од традиционалната црвена боја на Ферари. Доминира белата боја со сини елементи инспирирани од корпоративниот изглед на „HP“, додека црвените акценти се задржани на стратешки делови од болидот и облеката.
Оваа комбинација, според официјалните изјави, симболизира американски дух и ја рефлектира историјата на Ферари со белата боја, која клубот ја користел во некои од минатите децении.
Get a better look at the blue vibe⚪🔵 pic.twitter.com/0lnkTIB3Pa
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) April 30, 2025
Фото: Scuderia Ferrari HP/X