Слот веќе мисли на засилувањата: Сака да формира пеколен напаѓачки тандем!

По обезбедувањето на историската 20-та титула во англиската Премиер лига, раководството на Ливерпул сега размислува и на летниот преоден рок. 

Според британските медиуми, приоритет за „Црвените“ ќе бидат ангажман на напаѓач и лев бек. На врвот на листата на желби на новиот менаџер Арне Слот е шведскиот репрезентативец Александер Исак (25), кој блеска во дресот на Њукасл.

Исак оваа сезона постигна 26 голови и додаде шест асистенции во сите натпреварувања. Во Премиер лигата запиша  22 погодоци, што го прави втор стрелец веднаш зад Мохамед Салах од Ливерпул, кој има 28. Сепак, Њукасл тешко ќе се откаже од својот прв стрелец кој има договор до 2028 година.

Како алтернатива за Исак, Ливерпул го следи 22-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике. Французинот минатото лето премина од ПСЖ во германскиот клуб за 16 милиони евра, а сезонава има учинок од 22 голови и 10 асистенции. Неговиот договор истекува во 2029 година, а британските медиуми шпекулираат дека Екитике би можел да чини и до 100 милиони евра.

Покрај офанзивните засилувања, Слот има голем интерес и за 21-годишниот лев бек од Унгарија, Милош Керкез. Младиот дефанзивец на Борнмут се истакнува со својата офанзивна игра, а сезонава постигна два гола и доаде шест асистенции. Со клубот од јужна Англија има договор до јуни 2028 година.

Фото: Liverpool FC/FB