
КФМ го доби 11-иот претседател по осамостојувањето – бизнисменот Томе Главчев!
Тој ќе биде 11-ти предводник на македонската кошарка по осамостојување на државата, како наследник на Душан Петрески (1990-1992), Благоја Самакоски ( 1992-1993), Зоре Темелковски (1993-1997), Јордан Камчев (1997-1999), Горан Рафајловски (1999-2001), Леонид Гајдаџиев (2001-2004), Драгољуб Арсовски (2004-2005), Даниел Димевски (2005-2015), Петар Наумоски (2015-2019) и на Перо Антиќ (2019-2025), кој денеска замина во историјата.
Истовремено беше избран и Управниот одбор на новиот претседател, во кој меѓу другите се најдоа поранешниот ФИБА-судија, Александар Павлов, како и Никола Митревски, Тане Димовски, Драган Иванов, Савица Неделковска, Никола Ефтимов.