Барселона не се предаде, Панатинаикос го врати брејкот

Фенербахче и натаму е единствен тим кој обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата.

По денешните дуели од елитното натпреварување, Барселона намали на 1-2, а Панатинаикос поведе со 2-1,  враќајќи го брејкот што минатата недела го направи Анадолу Ефес.

Барселона го победи Монако со 100-89 во натпреварот кој за каталонскиот беше „да се биде или не“. Блескаше Вили Ернангомес кој оствари моќен дабл дабл со 19 поени и 10 скока, неутрализирајќи го со тоа фантастичниот Мајк Џејмс кој реализира 20 поени, 12 асистенции и 5 скока.

Многу поинтересно беше во Истанбул каде по голема борба Панатинаикос го совлада Анадолу Ефес со 81-77. Грчкиот тим доминираше во најголемиот дел од мечот, но Ефес во финишот се закани со пресврт кој не успеа да го реализира во целост. Нан со 25 поени беше најефикасен кај Панатинаикос, додека Ларкин постигна 17 за Ефес.