Грми во Барселона: Интер пак удри, Јамал врати со ремек-дело (ВИДЕО)

Уште не е поминат ни половина час, а веќе се постигнати три гола на дуелот меѓу Барселона и Интер.

По почетниот шок од Турам, „нераѕурите“ постигнаа уште еден гол преку Дамфрис и изгледаше дека Барселона е веќе грогирана. Повторно потфрли одбраната која по еден корнер заборави на Холанѓанецот и му дозволи на атрактивен начин да го совлада Шчесни.

Сепак, Барселона остана во живот благодарение на Ламин Јамал кој во 24. минута направи мало ремек-дело, ја изврте цела одбрана на Интер по што од стативата ја затресе мрежата на Интер.

Младиот Шпанец три минути подоцна имаше уште една голема шанса, но Сомер со крајни сили ја допре топката и ја прати во пречката.