
Стојановиќ го објави списокот на повикани ракометари во подготовките за СП
Младите ракометари ќе се соберат на 5 мај во хотел „Карпош“, а три дена подоцна ќе се соочат со екипата на Бутел, додека само ден подоцна ќе излезат на терен со Вардар или Пролет.
На списокот од стандардните ги нема: Иван Галевски, Александар Петковски, Дамјан Митев и Валентин Карасманакис кои имаат обврски кон сениорската репрезентација во квалификациите за Европското првенство.