
Победата на ПСЖ во сенка на повредата: Дембеле неизвесен за реваншот
Крилниот играч почувствува болки во задната ложа и во 70. минута од натпреварот го напушти теренот при што на негово место во игра влезе Баркола. Со оглед на неговата историја и големиот број вакви повреди во периодот додека настапуваше за Барселона, оправдан е стравот кај навивачите на ПСЖ иако Луис Енрике смета дека не е ништо опасно.
„Мислам дека не е сериозно. Утре (денеска н.з.) ќе има дополнителни тестови и јавноста навреме ќе биде информирана за неговата состојба. Веројатно е неизвесен за реваншот, но по прегледите се ќе се знае“, рече Енрике на прес-конференцијата по натпреварот.
Соиграчот на Дембеле, Ашраф Хакими тврди дека зборувал со него и добил уверување дека се чувствува добро. Дембеле беше стрелец на единствениот гол на синоќешниот натпревар и е убедливо најдобар играч на ПСЖ во 2025 година.