
Антиќ без борба си заминува од КФМ: Главчев е вистинскиот избор за напредок!
Средбата помеѓу сегашниот и идниот предводник на макбаскетот се одржа во Куќата на кошарката, само неколку часа пред вонредната седница на Собранието (16 часот), закажана во СЦ „Борис Трајковски“, каде официјално ќе се избере нов претседател. Антиќ, кој во изминатите шест години ја водеше федерацијата, јасно истакна дека Главчев е неговиот избор и дека има целосна доверба во неговите капацитети:
„Ми беше посебна чест да го пречекам човекот кој верувам дека е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. Тој е мој пријател, мојата поддршка ја има безрезервно и му посакувам успех и стабилност во годините што следат.“
Антиќ на функцијата претседател дојде во 2019 година и си заминува неславно со оглед на лошите резултати во сите репрезентативни категории и пред се на клупски план, но и со низата катастрофални пропусти како неорганизирањето избор на најдобрите за 2024 година.